април 7, 2020

Скопје, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од Коронавирус, објави на неговиот официјален профил на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за пациент од Куманово (52 години), пациентка од Лабуништа, Струга (65 години), пациентка од Челопек, Тетово (62 години) и една пациентка од Штип (81 години). Во Куманово дома почина уште еден пациент, потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на Коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово – 7, Прилеп – 1, Струга – 3 и Кочани – 3.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

Скопје – 254
Куманово – 128
Дебар – 49
Штип – 20
Прилеп – 34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 3
Радовиш – 4
Крушево – 2
Кочани – 17

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. (Крај)

извор: ФБ Венко Филипче фото: ФБ Венко Филипче

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука