април 1, 2020

Скопје, 1. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на пациенти со Коронавирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Од нив во Скопје – 7, Куманово – 7, Прилеп – 2, Тетово – 5, Струга – 2, Гевгелија – 1, Кочани – 1, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 изнесува 354 лице. Според местото на живеење, досега случаи се регистрирани во Скопје – 183, Куманово – 54, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12, Тетово – 13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица – 1, Крива Паланка – 1 и Кочани – 1.

Министерството за здравство соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години заболена од Коронавирус. Пациентката имала претходни заболувања: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Министерот Филипче на прес конференцијата, во врска со пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, објави дека истиот е позитивен на COVID-19.

Во изминатото деноноќие направени се 257 теста, од кои: преку Институтот за јавно здравје – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24 и Клиника „Жан Митрев“ – 2. Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на COVID-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука