Скопје, 20. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот час да трае од 19:00 часот во сабота, до вторник, до 05:00 утрината, предлата Комисијата за заразни болести до Владата, неофицијално дознава „Фокус“.
Комисијата за заразни болести денеска расправаше за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците кои следат, како и за отворањето на угостителските објекти.
Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители Св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам.
Денеска пак Владата треба да донесе одлука по овој предлог. Доколку биде прифатен, тоа значи дека ќе не очекува карантин од 58 часа. (Крај)
извор: Фокус фото: архива
Прочитано: 21