март 23, 2020

Охрид, 23. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека се формирани мобилни тимови на Црвен крст за набавки на неопходни продукти за лица во самоизолација.

– Нивна задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош. Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите кои ќе треба да им се набават. Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови, информираат од Црвен крст.

Телефонските броеви за Охрид се 046/261-909, 070/315-309 и 13-112 во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

No photo description available.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука