Охрид, 31. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дозволете да Ве потсетиме дека во состојба на епидемија на Коронавирус и пропишаните мерки за спречување на ширењето на вирусот, меѓу другото и да не се излегува од дома без неопходна, итна потреба, апелираат од Центарот за јавно здравје Охрид од каде додаваат дека граѓаните можат потребите од лабораториска услуга во микробиолошката лабораторија да ги извршат од домот.
– Потребно е да се јавите на еден од телефоните на Центарот за јавно здравје Охрид: 046/231-030 и 078/488-255 или на е-маил: [email protected], секој работен ден од 08:00 до 13:00 часот, да ги оставите потребните податоци, по што мобилна екипа на центарот ќе дојде во вашиот дом за да го земе потребниот материјал за микробиолошка анализа. ОСТАНЕТЕ ДОМА – апелираат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)
извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес