септември 26, 2020

Охрид, 26. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 19-ти до 25-ти септември 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 131 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 67 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 64 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 44 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид, кај 21 лица од општина Струга и кај 7 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 17 лица од Охрид, 24 лица од Струга и 4 лицa од Дебар.
– Во овој период починати се 6 лица и тоа 2 од општина Охрид, 2 од општина Струга и 2 лица од општина Дебар
– Активни случаи во Охрид се 52, во Струга 64, а во Дебар 41.

Од почетокот на епидемијата до 25-ти септември 2020 година:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1.359 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 417 лица во општина Охрид и Дебрца, 660 лице во општина Струга и Вевчани и 282 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 352, од Струга се 532, а од Дебар и Центар Жупа се 263 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 20 починати пациенти, од општина Струга се починати 59, а од Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица

Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет. Го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

–  правилна употреба на заштитна маска
–  одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
–  избегнување на јавни собири и групирања
–  често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука