септември 12, 2020

Охрид, 12. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 5-ти до 11-ти септември 2020 година:– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 90 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 29 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 61 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар- „Мој термин“
– Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 67 лица и тоа кај 32 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 7 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 59, а во Дебар 29.
– Во овој период оздравени се 13 лица од Охрид, 29 лица од Струга и 1 лице од Дебар.
– Во овој период починати се 8 лица и тоа 4 од општина Охрид, 3 од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.
Image may contain: text that says 'епидемила / пандемија COVID-19 SAJABHoB период 05 септ. 2020 општина охрид центар здраве охрид Shendetit PHI Center for Health Ohrid тестирани охрид, дебрца Covid-19 позитивни оздравени 38 32 струга, вевчани починати активни случаи 13 35 28 59 29 дебар,центар.жупа 17 вкупно 53 90 59 32 43 8 период од.почеток.на епидемила.до.11.09.2020 општина 144 тестирани охрид, дебрца Covid-19 позитивни оздравени 1822 починати 386 струга, вевчани 314 1371 15 615 дебар, центар.жупа 508 994 52 вкупно 267 220 4187 13 1268 1042 80'

Од почетокот на епидемијата до 11-ти септември 2020 година:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1268 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 386 лица во општина Охрид и Дебрца, 615 лице во општина Струга и Вевчани и 267 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 314, од Струга се 508, а од Дебар и Центар Жупа се 220 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 15 починати пациенти, од општина Струга се починати 52, а од Дебар и Центар Жупа се починати 13 лица

Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет. Го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

–  правилна употреба на заштитна маска
–  одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
–  избегнување на јавни собири и групирања
–  често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни… Уживајте во летото, безбедно… Можно е, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука