ноември 14, 2020

Охрид, 14. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 07-ми до 13-ти ноември 2020 година:– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 300 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 157 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 143 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во Република Македонија во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 362 лица и тоа кај 207 лица од општина Охрид, кај 124 лица од општина Струга и кај 31 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 85 лица од Охрид, 38 лице од Струга и 14 лица од Дебар.
– Во овој период починати се 8 лица од Охрид и 4 лица од општина Струга.
– Активни случаи во Охрид се 475, во Струга 245, а во Дебар 91.
Image may contain: text that says 'епидемила/ пандемија COVID-19 PRANABHOS период 07 -13 нов. 2020 општина охрид центар здравје охрид Qendrae Shendetit PHI for Health Ohrid тестирани во из излаб охрид, дебрца оздравени 113 Covid-19 позитивни (сите лаб. 207 струга, вевчани починати активни случаи 85 116 8 124 475 38 71 дебар,центар.жупа 31 вкупно 245 14 300 362 91 137 12 период од.почеток.на епидемиа.до.13.11.2020 општина 811 тестирани из лаб. охрид, дебрца оздравени Covid-19 позитивни (сите лаб.) 1099 3319 починати струга, вевчани 641 1996 40 1035 дебар, центар.жупа 727 1331 80 вкупно 406 297 6646 18 2540 1665 138'

Од почетокот на епидемијата до 13-ти ноември 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 2540 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1099 лица во општина Охрид и Дебрца, 1.035 лица во општина Струга и Вевчани и 406 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 641, од Струга се 727, а од Дебар и Центар Жупа се 297 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 40 починати пациенти, од општина Струга се починати 80, а од Дебар и Центар Жупа се починати 18 лица.

Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет. Го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– правилна употреба на заштитна маска
– одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
– избегнување на јавни собири и групирања и сведување на бројот на контакти на минимум
– често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука