Охрид, 18. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 11-ти до 17-ти јули 2020 година:– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 282 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 149 лица, во општина Струга и Вевчани 64 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 69 лицa.
– Од вкупно земените материјали, 218 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 91, Струга и Вевчани 58, Дебар и Центар Жупа 69), а 66 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар – „Мој термин“ (Охрид и Дебрца 58, Струга и Вевчани 8, Дебар и Центар Жупа 0)
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 12 лица од општина Охрид, кај 50 лица од општина Струга и кај 37 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 120, во Струга 149, а во Дебар 110.
– Во овој период оздравени се 27 лица од Охрид, 6 лица од Струга и 1 лице од Дебар
– Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 5 лица од општина Струга
Од почетокот на епидемијата до 17-ти јули 2020:
– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 656 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 231 лица во општина Охрид и Дебрца, 350 лице во општина Струга и Вевчани и 174 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 113, од Струга се 157, а од Дебар и Центар Жупа се 61 пациенти
– од општина Охрид и Дебрца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 39, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица.
– Почитувани сограѓани, епидемијата од коронавирусот се’ уште трае. Коронавирусот се’ уште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)
извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес