ноември 21, 2020

Охрид, 21. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 14-ти до 20-ти ноември 2020 година:– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 302 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 166 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 136 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“.
– Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 429 лица и тоа кај 231 лица од општина Охрид, кај 183 лица од општина Струга и кај 15 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 132 лица од Охрид, 56 лице од Струга и 19 лица од Дебар.
– Во овој период починати се 9 лица од Охрид, 5 лица од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.
– Активни случаи на 20.11.2020 година во Охрид се 575, во Струга 364, а во Дебар 86.
Image may contain: text that says 'епидемила / пандемија COVID-19 SSANABHOSI охрид центар здраве охрид период 14 20 нов. 2020 општина PHI Center Health Ohrid тестирани во из лаб. охрид, дебрца оздравени 122 Covid-19 позитивни (сите лаб.) 231 струга, вевчани 132 починати активни случаи 20.11.2020 575 118 9 183 56 62 дебар,центар.жупа 5 15 вкупно 364 19 302 429 86 207 15 период од.почеток.на епидемиа.до.20.11.2020 општина 1025 тестирани во из лаб. охрид, дебрца оздравени Covid-19 позитивни (сите лаб.) 1330 3441 починати струга, вевчани 773 2114 49 1218 дебар, ,центар.жупа центар. 783 1393 85 вкупно 421 316 6948 19 2969 1872 153'

Од почетокот на епидемијата до 20-ти ноември 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 2969 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1330 лица во општина Охрид и Дебрца, 1218 лица во општина Струга и Вевчани и 421 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 773, од Струга се 783, а од Дебар и Центар Жупа се 316 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 49 починати пациенти, од општина Струга се починати 85, а од Дебар и Центар Жупа се починати 19 лица.

Коронавирусот во овој период е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност. Го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– правилна употреба на заштитна маска
– одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
– избегнување на јавни собири и групирања и сведување на бројот на контакти на минимум
– често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука