мај 23, 2020

Охрид, 23. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 16-ти до 22-ри мај 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 28 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 22 лица, во општина Струга и Вевчани 6 лица а во општина Дебар и Центар Жупа не е тестирано ниту едно лице бидејќи никој не покажал симптоми на COVID-19

– Од вкупно земените материјали, 18 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 16, Струга и Вевчани 2), а 10 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 6, Струга и Вевчани 4)

– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 4 лица, a од општина Струга 2 лица се лабораториски дијагностицирани на присуство на COVID-19.

– Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 84 лица, во Струга се 13 лица
– Активни случаи во Охрид се 6, а во Струга 5.
– Во Охрид има 2 пациенти на домашно лекување и 2 хоспитализиран, а во Струга 3 пациенти се на домашно лекување и 1 хоспитализиран.
– Оздравени пациенти има 2 од општина Струга.
– Во овој период починато е 1 лице од општина Струга.

No photo description available.

Од почетокот на епидемијата до денес, 23-ти мај 2020:

– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 142 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа од кои на 21 лице во општина Охрид и Дебрца, 71 лице во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 51, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти
– НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебрца, од општина Струга се починати 15, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица.

– Почитувани сограѓани, епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот, иако со намален интензитет, сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири и групирање. Грижете се за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука