октомври 24, 2020

Охрид, 24. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 17-ти до 23-ти октомври 2020 година:– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 126 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 58 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 68 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 132 лица и тоа кај 86 лица од општина Охрид, кај 33 лица од општина Струга и кај 13 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 14 лице од Охрид, 19 лица од Струга и 3 лице од Дебар.
– Во овој период починати се 2 лица од општина Струга
– Активни случаи во Охрид се 149, во Струга 81, а во Дебар 53.

Image may contain: text that says 'епидемија / пандемија COVID-19 BAJABHO период 17 23 окт. окт.2020 2020 општина охрид J3Y центар здраве охрид hendetit Center for Health Ohrid тестирани охрид, дебрца Covid-19 позитивни оздравени 54 86 починати активни случаи струга, вевчани 14 52 33 149 19 20 дебар,центар.жупа 13 вкупно 81 126 132 53 36 период од.почеток.на епидемила.до.23.10.2020 општина 283 тестирани охрид, дебрца Covid-19 позитивни оздравени 3012 починати 582 струга, вевчани 411 1693 21 768 дебар, центар.жупа 617 1135 70 вкупно 315 247 4814 15 1665 1275 106'

Од почетокот на епидемијата до 23-ти октомври 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1665 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 582 лица во општина Охрид и Дебрца, 768 лице во општина Струга и Вевчани и 315 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 411, од Струга се 617, а од Дебар и Центар Жупа се 247 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 21 починати пациенти, од општина Струга се починати 70, а од Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица.

Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет. Го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– правилна употреба на заштитна маска
– одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
– избегнување на јавни собири и групирања
– често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука