Охрид, 31. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 24-ти до 30-ти октомври 2020 година:– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 231 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 105 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 126 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во Република Македонија во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 195 лица и тоа кај 120 лица од општина Охрид, кај 54 лица од општина Струга и кај 21 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 27 лица од Охрид, 31 лице од Струга и 13 лица од Дебар.
– Во овој период починати се 2 лица од Охрид, 5 лица од општина Струга и 3 лица од Дебар
– Активни случаи во Охрид се 232, во Струга 101, а во Дебар 58.
Од почетокот на епидемијата до 30-ти октомври 2020 година:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1860 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 702 лица во општина Охрид и Дебрца, 822 лице во општина Струга и Вевчани и 336 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 438, од Струга се 648, а од Дебар и Центар Жупа се 260 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 23 починати пациенти, од општина Струга се починати 75, а од Дебар и Центар Жупа се починати 18 лица.
Коронавирусот е се’ уште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет. Го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
– правилна употреба на заштитна маска
– одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
– избегнување на јавни собири и групирања
– често миење/дезинфекција на рацете
Бидете одговорни, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)
извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес