април 3, 2020

Охрид, 3. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за јавно здравје Охрид порачуваат дека перидот пред е клучен и доколку досега не ја имаме сериозно сфатено својата улога и колку секој од нас како поединец е нопходен и важен за успешна борба против Коронавирусот, сега е вистински момент тоа да го разбереме.

– Кога од овој момент сите би се однесувале одговорно и совесно и кога не би дозволиле од нас да се пренесе инфекцијата или да се инфицираме од друго лице, тогаш по изминувањето на максималниот период на инкубација од 14 дена, веќе од 15-от ден не би имале ниту еден новозаболен со Коронавирус, велат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Фотографија на Центар за јавно здравје - Охрид.

Оттаму уште еднаш потсетуваат контактите да се сведат на минимум, да се однесуваме одговорно кон себе и другите и да останеме дома. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука