Охрид, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Почитувајќи ги препораките, да им оддадеме почит и поддршка на здравствените работници, порачуваат од Центарот за јавно здравје Охрид, по повод 7-ми април – Светскиот ден на здравјето.
– Вистински момент е да покажеме солидарност, почит и поддршка со оние кои во ова тешко време се грижат за нашето здравје, здрвствените работнивци, почитувајќи ги препораките за социјално дистанцирање. Не излегувајте од дома, останете здрави, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје.
Секоја година на 7-ми април Светската здравствена организација (СЗО) го одбележува Светскиот ден на здравјето, кој се слави со цел да се подигне свеста за важноста на здравјето, а годинашното мото е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки“.
– Медицинските сестри и акушерки имаат важна улога во одржувањето на здравјето на населението во светот. Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со коронавирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. Светската здравствена организација и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа, стои во пораката на СЗО. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива