март 25, 2020

Охрид, 25. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст од денес нуди психосоцијална помош и поддршка.

– Во ова тешко време, кога се соочуваме со несреќа од глобални размери предизвикана со ширењето на коронавирусот, тимот за психосоцијална помош (ПСП) на Црвен крст Охрид составен од два искусни психолози, ќе биде достапeн за сите оние кои се најранливи во оваа кризна ситуација и на кои им е потребна дополнителна психосоцијална поддршка. Човечки е да се побара помош, а ние сме тука да ви помогнеме во пронаоѓање на одговорите и решенијата на проблемите. Вашите потреби од психосоцијална помош и поддршка можете да ги реализирате од вашиот дом, секој работен ден, јавувајќи се на телефон 070240365 психолог Александра Николеска во период од 10:00 до 12:00 часот и на телефон 076624633, психолог Ранко Раткушиноски во период од 15:00 до 17:00 часот. Покажете храброст и грижете се за своето ментално здравје, се вели во дописот од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука