јули 3, 2020

Охрид, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска оствари работна посета на Охрид.

Таа напомена дека во Охрид може да види огромна изградбена експанзија која ги опфаќа најважните патни правци, најважните улици, најважните инфраструктурни проекти за огромен број на граѓани на Охрид.

– Тоа покажува дека многу е важно централната и локалната власт добро да соработуваат, да соработуваат за потребите на граѓаните, но и второ, важно е да инвестираме инфраструктурни проекти, важно е да ги знаеме приоритетите и да градиме навистина по план. Во Охрид се гради по план и во Охрид навистина се решаваат проблеми кои со децении биле одлагани. Денеска сме тука на местото каде што започнува и веќе трае сериозната реконструкција на улицата Авасим. Проект кој е ветуван многу години, проект кој не е направен повеќе од 40 години и денеска целосно се реконструира со средства на Општината и средства на ЕБРД коишто се обезбедени преку Владата. Тоа е проект од околу 45 милиони денари кои, како велат, значи реконструкција после 40 години. Затоа денеска навистина ми е задоволство да бидам тука и да видам како локалната самоуправа, како и буџетот работи во полза на граѓаните. Денеска ќе имаме прилика да видиме 4 инфраструктурни објекти, 4 инфраструктурни проекти коишто се градат во Охрид и коишто ќе значат подобар квалитет на живот и навистина градење по план, истакна Шекеринска. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: Влада на РМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука