Охрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во одговор на прашања од граѓани во врска со случајот на најголемата дивоградба на Охридското Езеро, хотелот во Лагадин, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, нагласи дека градоначалникот на Охрид седум пати го поништил решението за градба бидејќи било издадено незаконски, а и второстепената комисија го потврдила тоа.
– По оваа постапка предметот заминал на суд и судот го вратил назад и токму тоа е тој пинг-понг што не фрустрира сите како граѓани и создава недоверба и кај судството и кај општините, но и во целата држава. Општината има многу силни аргументи и нема да попушти ниту на притисоци и на можни злоупотреби на судството, бидејќи ако оваа дивоградба се дозволи и се толерира, тоа ќе биде знак за сите да не ги почитуваат правилата, порача Шекеринска. (Крај)
извор: Нова Македонија фото: архива