Охрид, 28. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Авион со патници од Милано, град кој се наоѓа во ризичните делови на Италија, денес ќе слета на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
На аеродромот сѐ уште нема поставено термална камера, па сите патници кои ќе слетаат ќе бидат прегледани со бесконтатен пиштол за мерење на телесната температура, а ќе бидат и анкетирани од епидемилозите кои вршат мониторинг на аеродромот во Охрид.
Од охридскиот центар за јавно здравје смируваат дека контролите се доволни, додвајаќи дека сите патници до сега соработувле со тимот епидемиолози. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30