февруари 4, 2015

Тајпеј, 4. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Авион од типот „ATR 72“ на тајванската авиокомпанија „TransAsia Airways“ удри во мост непосредно по полетувањето и се урна во река во околината на Тајпеј.Според првичните информации авионот изведувал стандарден локален лет и со него се превезувале 53. лица, меѓу кои и две деца и 5. членови на екипажот. Неофицијално во несреќата загинале најмалку 12. лица.Неколку луѓе успеале самостојно да испливаат до брегот, јавуваат светските агенции.„ATR 72“ e француско-италијански елисен авион за превоз на патници на пократки растојанија. (Крај)извор: АФП фото: АП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука