Скопје, 19. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Имајќи ја предвид специфичната положба на медиумите во услови на прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, нивната општествено одговорна улога, како и можните последици врз нивното економско работење, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги разгледува сет мерки со кои би се олеснила работата на радиодифузерите.
Мерките, чија цел е да овозможат непречено функционирање на радиодифузерите, Советот на Агенцијата ќе ги донесе на седницата што ќе се одржи следната среда.
Воедно, Агенцијата ги повикува радиодифузерите на медиумските работници да им ги обезбедат неопходните заштитни средства со цел безбедно извршување на нивната работа. (Крај)
извор: АВМУ фото: архива
Прочитано: 23