јуни 25, 2018

Охрид, 25. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Австралиската амбасадорка во Белград, Нејзината екселенција Juliа Feeney денес оствари посета на ОУ „Дебрца“ во селото Белчишта.

– Посетата доаѓа по онаа од минатата година на австралискиот заменик амбасадор во Белград Глен Морисон во врска со донацијата и проектот добиен со заложбите на наставничката по англиски јазик, Наташа Мироска Ламбески, во координација со наставничката по англиски јазик Љупка Јакимоска Попоска, помогната од страна на македонскиот конзул во Австралија, почитуваниот Зоран Ќосески. Посетата беше со цел да се продлабочи соработката со амбасадата за  дополнително олеснување на образовниот процес и изучувањето на странските јазици. Амбасадорката беше срдечно пречекана од директорката на училиштето, Билјана Славеска, како и наставничките по германски јазик, Билјана Бибоска Стојкоски, и Љупка Јакимоска Попоска, информираат од училиштето.

Додаваат дека во рамките на посетата било разгледано јазичното катче во кое е сместена мултимедијалната библиотека, како и целото централно училиште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука