февруари 18, 2015

Скопје, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Студентскиот пленум, по една недела од стартот на таканаречената окупацијата на факултетите, соопшти дека автономната зона е проширена низ целиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Студентите решиле да спроведат окупација и на Архитектонскиот факултет. Вчера бојкот на настава имаше на неколку факултети во Скопје. Во прогласените автономни области на Филолошкиот и на Машинскиот факултет, студентите ја минаа седмата ноќ. Покрај факултетите во Скопје, вчера Студентскиот пленум при универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола прогласи Автономна зона на Техничкиот факултет.

Студентите велат дека окупацијата останува се додека не добијат гаранција дека новиот Закон за високото образование што ќе биде изготвен заедно со нив ќе биде и имплементиран. (Крај)

извор: Факултети фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука