Охрид, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми февруари, сабота, со почеток во 12:00 часот во просториите на КИЦ „Култура 365“ во Охрид ќе се одржи поетска средба на која ќе се претстават различни поети.
Со свои стихови на средбата ќе се претстават поети од земјава, но и соседството.
Од Охрид ќе настапуваат: Тоде Илиевски, Жаклина Ристоска, Веле Митаноски, Маја Мојсова, потоа Петко Шипинкаровски (Струга), Блага Печенковска (Ресен), Арјан Калчо (Корча).
Настанот ќе биде своевидна средба на поети, кои преку своите стихови, ќе разменат идеи и впечатоци за поезијата и нејзината улога во општеството. Средбата се организира по повод роденденот на големиот холандски писател А. ден Долард (1901-1994), кој во неколку свои дела пишувал за Охрид и Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива