Охрид, 31. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарскиот прволигаш АВ Охрид во продолжението од сезоната нема да смета на услугите на рускиот интернационалец Дмитри Некрасов, со кого го раскина договорот.
Некрасов во клубот стигна со најави дека ќе биде големо засилување, но не се снајде добро во новата средина и добиваше скромна минутажа, за која бележеше симболичен ефект. Дополнителна причина плус за предвремено раскинување на договорот се и проблемите во МКФ и неодигрување на некои дуели.
Од клубот најавуваат дека доколку кризата на релација МКФ – клубови не се реши во скоро, тие ќе бидат приморани да се разделат уште со неколку интернационалци, кои им се на терет на буџетот. (Крај)
извор: gol.mk фото: архива
Прочитано: 26