февруари 9, 2017

Охрид, 9. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новиот член на кошаркарската елита, тимот на Охрид АВ денес им се заблагодари на уште двајца кошаркари, кои нема да го носат дресот на екипата во вториот дел од шампионатот.

Српските интернационалци Саша Ѓорѓевиќ и Милојко Василиќ спогодбено ги раскинаа договорите со Охрид. Клубот им се заблагодариме што ги бранеа боите на клубот, но навивачите се загрижени заради комплетната играчка реконструкција, јави порталот гол.мк.

Овие две заминувања се надоврзуваат на веста од понеделникот, кога Младеновиќ го напушти клубот и потпиша за амбициозниот второлигаш Радовиш. (Крај)

извор: гол.мк фото: гол.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука