мај 9, 2017

Лондон, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот светски рекет број еден, Андре Агаси, ќе биде новиот тренер на Новак Ѓоковиќ.

Тој ќе се обиде да ја спаси кариерата на Србинот, кој посакува да се врати на првото место на АТП листата.

Весникот „Дејли Телеграф“ како сензација ја обелодени веста дека Ѓоковиќ веќе ги договорил сите детали со Агаси, кој во најскоро време ќе почне да соработува српскиот ас. Иако не е наведена изјава за верификација на оваа вест, сепак весникот тврди дека соработката е веќе договорена и би можела да стартува веќе пред Ролан Гарос.

Новак Ѓоковиќ минатата недела донесе одлука да ја прекине соработката со Марјан Вајда и неговиот стручен штаб, со надеж дека работите ќе тргнат на подобро.

Андре Агаси по завршувањето на кариерата остана дел од тенисот, отворајќи неколку школи ширум САД. Тој беше чест гостин на врвните тениски турнири, но соработката со Ѓоковиќ би била негов прв посериозен тренерски ангажман.

извор: ekipa.mk   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука