Скопје/Струга, 13. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од јуни годинава, кога САД го ставија на црна листа струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, досега, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обратила до нивни колеги во САД да побараат споделување на доказите, со цел да се отвори постапка и во земјата за лицата кои се на листата, изјавила американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер на брифинг со новинари.
Таа порача дека „црната листа“ на САД на која, само во последните 8 месеци, се најдоа повеќе познати имиња на политичари и бизнисмени е обид да им се помогне на македонските власти да почнат да се справуваат со проблемите, јави Фокус
Она што најмногу ја збунува американската амбасадорка, како што вели, е фактот што по секое објавено ново име на т.н. „црна листа“, „никој во државата не е изненаден, ниту меѓу граѓаните ниту меѓу официјалните претставници“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива