февруари 19, 2017

Охрид/Белград, 19. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 24-ти до 26-ти февруари ќе учествува на саемот за туризам во Белград.

Охрид како туристичка дестинација, која е една од најпосетуваните токму од туристите од Србија, ќе биде претставен на овој меѓународен саем.

Ќе бидат присутни туристички работници и хотелиери кои ќе ги презентираат туристичките потенцијали на Охрид. На саемот ќе се презентираат и останатите туристички места во Македонија, традиционалната храна, вино.

Деновиве заврши претставувањето на Македонија на туристичкиот саем во Бугарија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука