Скопје/Охрид, 26. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за филм на Република Македонија, потврди дека во јуни во Охрид ќе организира филмска работилница.
Станува збор за европската филмска работилница „Мидпоинт“. Претставници од тренинг програмата за развој на сценарија и филмски проекти, во Охрид ќе одржат сесија на работилници во текот на цел месец јуни.
Агенцијата за филм на РМ континуирано работи на унапредување на филмската дејност, а освен Скопје и Битола, се вклучуваат и други градови за организирање на меѓународни филмски фестивали и други настани од областа на филмот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22