февруари 24, 2017

Ливерпул, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Ливерпул, Адам Лалана, потпиша нов тригодишен договор со клубот од „Енфилд“ со можност истиот да биде продолжен за уште една година.

Адам Лалана на „Енфилд“ пристигна во 2014 година од Саутемптон а “црвените” за неговите услуги на “светците” им платија 25 милиони фунти.

Оваа сезона тој е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, во сите натпреварувања има одиграно 27 натпревари и постигнато седум голови. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука