Скопје/Охрид, 9. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – После Баку до денес голем дел од препораките имаме реализирано.
– Прво што направивме е што го укинавме проектот за ски центар на Галичица. Некои траси променивме за да не се уништи природното богатство во тој дел од Охрид, изјави за Утрински брифинг на „Слободен печат“ министерот и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми.
Тој вели дека колекторскиот систем е многу битен и дека пуштаат во утроба репариран систем.
– До мај треба да имаме чист колекторски систем кој нема да го загадува езерото. Железницата секако е дел од плановите за Охридскиот регион, вели Адеми.
– Дивоградбите се само еден сегмент, можеби и најболен. Не сите од нив се проблематични. Се прави нивен регистер. После тоа експертите треба да направат проценка на влијанието на животната средина. На 1 февруари треба да ги информираме УНЕСКО за прогрес извештајот. Јас очекувам констатација во имплементација на препораките. И они знаат дека не може дивоградбите да ги срушите преку ноќ. Но, оние кои имаат влијание врз животната средина ќе мора да бидат отстранети, изјави Адеми. (Крај)
извор: Слободен печат фото: архива