Охрид, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Автобусите кои сообраќаат од Охрид до Скопје и обратно, како и од и до останатите дестинации во државата, поаѓаат во редовните термини, но пристигнуваат на крајната дестинација со мало задоцнување.
Од охридската транспортна фирма „Галеб“ велат дека нивните возила патуваат и преку превоите без поголеми проблеми, но со мало задоцнување.
– Во моментов сообраќајот на „Стража“ се одвива подобрено во однос на синоќа и превојот е прооден. Полошо е на „Пресека“, но автобусите сепак се движат натаму. Кон Велес и кон Штип и Кочани е исто така проблематично (особено на „Плетвар“), но сообраќајот се одвива со мало доцнење. Автобусот кој синоќа тргна кон Белград во моментов е во Ниш затоа што автопатот е привремено затворен поради снежни навеви и наноси на коловозот, информираат од најголемиот автопревозник во Охрид АД „Галеб“.
Додаваат дека во моментов на локално ниво се отсечени Трпејца, Љубаништа и Свети Наум и дека нема откажани линии во меѓуградскиот сообраќај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива