Охрид, 7. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На локално ниво, во приградскиот сообраќај се вози со минимално доцнење, освен до Љубаништа и Св. Наум каде патот е непрооден за автобуси. На тој правец возиме до Трпејца, информираат од охридската транспортна фирма „Галеб“.
Додаваат дека денес низ Македонија се вози релативно нормално, со доцнење од половина час до 40 минути.
Поради лошите временски услови, вчера беа откажани сите линии кои требаше да заминат кон и од Србија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 66