септември 1, 2017

Охрид, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник, 4-ти септември, нe по наша вина, нема да сме во можност да вршиме бесплатен ученички превоз бидејќи договорите за превоз на ученици од основните училишта се истечени од 10-ти јуни оваа година, а постапките за набавка на услуга-превоз се поништени, информираат од АД „Галеб“ Охрид.

– АД „Галеб“ доби барања од Основните училишта во Општина Охрид да се ускрати бесплатниот превоз на учениците – основци. Поради тоа, а со желба да избегнеме непријатни ситуации и инциденти ги информираме сите родители и сите ученици на кои им следи таков превоз дека АД „Галеб“ – Охрид од понеделник 4-ти септември, превозот на ученици ќе го наплаќа по редовни цени, како и за сите други патници, појаснуваат од компанијата.

Тие апелираат до Основните училишта да ги информираат своите ученици и нивните родители за новонастанатата ситуација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука