Охрид, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради лошите временски услови, откажани се сите линии кои денес требаше да заминат кон и од Србија, информираат од АД „Галеб“ од Охрид.
Од компанијата претходно денес информираа дека автобусите кои сообраќаат од Охрид до Скопје и обратно, како и од и до останатите дестинации во државата, поаѓаат во редовните термини, но пристигнуваат на крајната дестинација со мало задоцнување.
Од охридската транспортна фирма „Галеб“ велат дека нивните возила патуваат и преку превоите без поголеми проблеми, но со мало задоцнување. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40