Охрид, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – АД „Отекс“ од Охрид, повторно е на првото место на најновата листа која ја објави Управата за јавни приходи за најголемите должници.
Долгот на „Отекс“ е над 670 милиони денари.
Должниците се на листата поради долгови доспеани до крајот на 2016 година, и неплатени до 28-ми февруари годинава по основ на ДДВ, данок на добивка и персонален данок на доход.
Како должници се јавуваат 4302 правни и физички лица, а покрај АД „Отекс“ Охрид, се и ЈП „Македонија пат“, ЈП „Македонска радио-телевизија“, ЈП за стопанисување со објекти за спорт на РМ, ЈП „МЖ Инфраструктура“ и други.
Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со член 9 од Законот за даночна постапка. Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници. (Крај)
извор: ОхридПрес/УЈП фото: архива