Охрид, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши првата половина од 2024 година со 15% повеќе летови во однос на минатата година.
– Во периодот од јануари до јуни 2024 година вкупно 1.458.299 патници патувале преку двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, што означува пораст од 9% споредено со истиот период во 2023 година. Во однос на бројот на летови, во 6-те месеци од 2024 година реализирани се 11.843 летови, или 15% повеќе од 2023, информираат од ТАВ Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 47