октомври 23, 2014

За Охридцките работи Бр. сл. 007/04/2013 Охрид, 10. октомври 2013 година

Како е штовани публикуме? Не снема малку, ама тука сме… Туку, дан испаднит после не Ве прашав – Да не му се падна некому работно место на лотаријава?

Не, а?

Е тоа е – компјутерот одбираше, исто како за становите шо одбираше, исто како за виза за Америка шо бират…

(Сметач (или компјутер, од англ. computer) е електронски уред кој се користи за обработка на податоци според строго одредена процедура.)

Ова малку ме бунит – „строго одредена процедура“, ама…то е, можда до мене е…

Толку за тоа и како што ги тешеше недобитните Сузана Манчиќ во Лотото некогаш – Желимо вам више срече у следечем кругу. Само Вие играјте, леб и игри за сите – Ако не сте со нас, не сте со сите!

Знаењето е сила, знаењето е моќ!

Да де, се сеќавам. Ги гледам Индијанциве мои дома стално учат нешто, сметаат, море англиски, германски, тестови вакви, тестови такви, учат нешто по цел ден… Гледам и ми текна на досетката на еден локален бизнисмен кога видел дека околу неговото скапоцено возило се насобрале мали дечиња кои доаѓале од училиште:

– Гледајте момци, ама то не се купвит со сите петки на школа…

Тонч….

И не се купвит стварно. Посебно не во оваа земја и во овој град наш малечок каде секој што знае три пати без грешка да го напише името на партијата може да биде директор, советник, пратеник… – Вие одберете што.

За тоа време ова партискиве бројлери, одгледани под вештачко светло очи си вадат по социјалниве мрежи. На едните Заев ДДВ-то ќе им го враќал, на другите Груевски ќе им завршел работа, или најголем дострел во животот им е што со Мијалков некогаш се разминале на Стража…

Во меѓувреме си тече преродбата во Охрид и охридско. И сите си ќутиме, аку убаво ни е и за убаво да е. Трчаме в место со брзина од 100 километри на час. Она што станува се појасно е дека поранешниот градоначалник Петрески за новава власт ќе биде она што ВМРО-ДПМНЕ беше за него – само добар изговор и генерално ништо повеќе. Впечаток е само дека ја сменавме перспективата, до скоро не гледаа од жабја, сега не гледаат од птичја (море и повисоко, покренато ќе да е ова).

Она што е добро за политичката сцена во Охрид, секако е решеноста на новото раководство на СДСМ да сврти нов лист и со млади кадри, без црни петна зад себе, да започне одново. Секако дека младоста не е доволна, но доколку останат истрајни на нивната визија и доброто на градот, секако дека ќе направат квалитативен исчекор. Тоа ќе биде добро за сите, затоа што само силна опозиција може да биде добра контрола на власта, која нели брзо „опива“, па многумина започнуваат да се доживуваат како „мини богови“. Ако не друго, од другата страна на рингот имаат сигурен доказ дека таа формула е успешна, но треба многу време, пари, умешност и „гризење“.

Штовани публикуме – една молба од Управата…

Да не ни пуштате повеќе маилови со „крунски докази“ за тоа кој бил „лопов“, кој колку украл, кој каков директор бил, кој чија вујна и стрина вработил, кој всушност бил „власт“ во Охрид… Еве Ви медиум, излезете јасно и гласно со име и презиме и да чуеме, да се преброиме кој сме и какви сме.

– Новиот директор Ви бил неписмен – аку имат и полошо!
– Наставниците биле десеткувани – аку имат и полошо!
– Ви вршеле мобинг на работа – аку имат и полошо!
– Како се одбирале фирмите кои добивале тендери – аку имат и полошо!
– Кој се однесувал како тинејџер по охридските клубови – аку имат и полошо!
– ……… – аку имат и полошо!

А кога ќе тропнат на нашата врата, кога „лошото“ ќе дојде по своето, тогаш сме како ранета срна. Па потоа „Бамби“ праќа анонимни пораки до медиумиве, зошто нели тие треба да ни го решат проблемот.

Тие се криви, ние кубурот ќе го чуваме, за зло доба де…

Испод палме…

 

palma

Туристичката сезона која е зад нас била подобра од претходната. Молим лепо. Другарчиња, едно да Ви е јасно. Ние мора да го смениме гледањето за тоа што всушност е „добра сезона“. Да слеземе од розевите облаци и реално да си погледнеме во очи. До скоро „спиевме на ушето“ дека ќе сме развивале елитен туризам… Она што ветува се најавите дека за некои 3-4 години би добиле автопатско поврзување со Кичево, па кога следните гости ќе доаѓаат во Охрид да ги видат палмите или да пробаат вкусна и автентична Лесковачка скара, да можат да уживаат во патувањето.

Палмите ќе ни дојдат, уште делфини да донесат и тамам ќе биде работава…

Спорт:

Она што мора да се пофали последниов период секако е заживувањето на спортот во Охрид. Ракометарите на Р.К. „Охрид“ се во центарот на вниманието, добија и финансиска помош од локалците за кои се надеваме дека истите аршини ќе ги употребат и за помош на останатите спортови во градот. Спортските работници во меѓувреме бараат поддршка и изнесуваат црни сценарија за иднината на останатите спортови во Охрид. Она што мора веднаш да се направи е да се вклучи приватниот сектор во помагањето на спортот. Градот веќе има силни компании кои можат да помогнат, само уште одговорните да најдат некој кој ќе знае тоа да го изменаџира и вистински човек да ги заврти вистинските телефони. Вака со пратени мејлови и со момци кои сакаат да кажат нешто, ама не се сигурни што тоа, не се стигнува до сериозна помош од бизнисмените. Тие сакааат конкретна понуда, разработен план, а не приказни погодни за тешење на партиски состаноци. Младите ракометарки на „Моби Дик“ и оние на „Металург“ се доволен доказ дека можело, само треба да се знае малку и да се има „пиле“. Јовче „Моби Дик“ можел, ама овие „менаџериштава“ не можеле…Е тоа е она што стално им бега од рака на одговорниве наши и овие што тоа безрезервно би сакале да бидат.

За крај:

 

?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Овој дел од „За Охридцките работи“ е напишан на Курбан Бајрам, празникот кој од срце им го честитаме на сите наши читатели со муслиманска вероисповед.

Овој празник нека одат Курбан разликите и недоразбирањата меѓу нас, зошто инаку сите Курбан ќе сме…

За многу години нека е!

Сашо Митан

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука