Охрид, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот народен театар со премиерата на претставата “Аналфабет”, вечерва ќе го одбележи Светскиот ден на театарот.
Актерот Стрезо Стаматовски ќе ја прочита Светската порака напишана од француската актерка Изабел Ипер. Додека пак актерот Никола Тодороски ќе ја пренесе македонската, напишана од режисерот и костимограф, Благој Мицевски.
Инаку, Светскиот ден на театарот е востановен во 1962 година и денеска се одбележува во стотина земји од националните театарски институти.
Секоја година истакната личност од театарот пишува меѓународна порака во име на Интернационалниот театарски институтот, што УНЕСКО го формирал во 1948 година.
Таа се преведува на повеќе од 20 јазици и им се чита на гледачите пред почетокот на претставите во театрите низ светот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива