Охрид/Куманово, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Народен Театар се враќа со уште една награда од Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата” во Куманово.
– Актерката-гостин Марија Новак ја освои наградата за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара, во претставата „Секс лаги и љубомора“ од Марк Комплети, во режија на Коле Ангеловски, информираат од Народен театар Охрид.
Оваа претстава е на репертоарот на Народен Театар Охрид на 31-ви октомври 2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 173