Охрид, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хитот на Влатко Стефановски – „Кирилица“ доби нов лик преку интерпретацијата на популарниот актер Јовица Михајловски.
Изведбата на Михајловски е специјално за настанот „Боцкаме на Кирилица“ кој се случи во КЦ „Бруталиск“ во Скопје во организација на Трн во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, според кои е именувано нашето кирилично писмо, а кои се основоположници на глаголицата.
Концептот и идејата за оваа преработка на „Кирилица“ како и за видео спотот се на Јовица Михаловски, на текст и музика на Влатко Стефановски, а музичката реализација на Бранко Тасевски – виолина, Христијан Пазарковки –хармоника, Климент Петрески- гитара и Јован Пазаркоски –контрабас.
Режијата и продукцијата се на актерот Дениз Абдула и редакцијата на Трн. (Крај)
извор: Фокус/Трн фото/видео: Трн