Охрид, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Кадмо лаунџ бар утревечер со интересна музичка програма ќе ги пречека посетителите.
Утре охриѓани ќе можат да се забавуваат со добра музика. Најголемите македонски и странски поп и рок хитови ќе бидат отпеани од Петар Маркоски (вокал и гитара), а ќе биде придружуван од Даниел Јовески.
– Вкусете ја најдобрата храна и пијалоци во Кадмо Лаунџ бар, придружувани од звуците на музиката на Петар Маркоски, покануваат за добра забава од менацерскиот тим на Кадмо Лаунџ бар.
Акустичната свирка е со почеток во 22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20