Охрид, 28. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заедно да покажеме одговорност кон нашата гордост. Под овој слоган, денеска и утре во Охрид и Дебрца, Скопско и Пакомак иницираат акции за заштита на природата.
– Викендов, на 28-ми и 29-ти јули, на две локации во Охрид, тргнуваме во акција за чиста природа и ги повикуваме сите оние кои сакаат да ни се придружат, да го сторат тоа со пополнување на формуларот на www.csr.skopsko.mk. Скопско обезбедува превоз, храна, освежување и забава, а Пакомак кеси и опрема за чистење. Вклучи се затоа што нашата гордост е наша одговорност, порачуваат организаторите.
Акција ќе се спроведе и во Општина Дебрца, на потегот од мостот на каналот на реката Сатеска, на патот Волино-Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад во село Волино. Волонтери претставници од општина Дебрца, ЈКП „Дебрца“, преставници од Пивара Скопје преку брендот Скопско, ќе одржат акција за чистење со почеток во 09:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива