јули 16, 2019

Охрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Акцијашите на клубот „Брег на младоста“ достојно го претставуваат Охрид и Македонија на работната акција во Нови Пазар.

Младите охридски акцијаши своите вредни раце ги споија со другарите од поранешна Југославија на работната акција „Рибариќе 2019“ во Нови пазар, Република Србија.

Одговорните информираат дека активностите се одвиваат по планот и дека мотивираноста и желбата на најмладите за да се помогне се на највисоко ниво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука