Охрид, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ утре ќе ги презентира збирните резултати од сите реализирани акции и настани во минатата 2016 година.
Преку бројните активности кои беа резлиаирани, клубот помагаше во афирмација на хуманоста, солидарноста, акцијаштвото и волонтеризмот, посебно меѓу младите генерации.
Средбата на младоста и искуството ќе се одржи утре во 12 : 00 часот во просториите на Црвениот крст – Охрид. Воедно членството на клубот ќе изрази благодарност до сите институции, поединци и медиуми, кои даваат поддршка за нивните активности. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21