Охрид, 26. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2024 година, во неделата, на 24-ти ноември се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред селото Трпејца.
Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад – стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности” со асистенција на нуркачкиот клуб „Акватек”.
Целта на акцијата беше подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 5