август 26, 2019

Охрид, 26. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – 50-тина вреќи ѓубре беа собрани вчера на охридскиот „Полигон“ во рамките на заедничката акција на „Чист Охрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“.

Во акцијата која траеше околу два часа се вклучија 15-тина активисти, а ѓубрето по завршување на акцијата беше собрано од екипа на ЈП „Охридски Комуналец“.

Image may contain: 1 person, sitting, shoes, child and outdoor

– Локацијата која е една од омилените места за собирање на младите, а која „Чист Охрид“ веќе неколку пати ја враќа во „живот“, повторно беше затрупана во ѓубре, каде доминираше пластичниот и стаклениот отпад. Сметаме дека е недозволиво да имаме депонија во срцето на градот, и истовремено бараме активирање на комуналните инспектори, како и поголема грижа за јавните простори од страна на граѓаните. За она што сите го заслужуваме, а тоа е чист град, порачуваат од „Чист Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Чист Охрид“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука