Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во сенка на можноста за губење на заштитниот статус на Охридскиот регион, помина одлуката во Баку за запишување во регистерот на УНЕСКО на Албанската страна на Охридското Езеро.
Станува збор за исклучително важна одлука, како круна на процесот кој започна во 2014-та година, и која ќе има далекусежни позитивни последици во заедничката заштита на Охридското Езеро, но и целиот регион.
Како што и вчера беше објавено неофицијално, УНЕСКО му даде уште една шанса на Охрид. Одговорните имаат време до први февруари да ги исполни сите 19 препораки или во спротивно на слесдната сесија во јули ќе заврши на листата загрозени подрачја.
Одлуката беше донесена попладнево на сесијата во Баку и подразбира мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, уривање на дивоградбите, изработка на детална анализа за состојбите во регионот и ревиталзација на колекторскиот систем. Истите препораки важат и за албанската страна од езерото.
На сесијата во Баку повеќето земји учесници гласаа за да му се даде дополнителен рок на градот иако сите се согласија дека властите стагнирале во исполнување на препораките за заштита на регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива