Струга, 19. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – 55-годишниот К.С. од Република Албанија е лишен од слобода вчера, околу 15:30 часот на граничниот премин „Ќафасан“, кога се пријавил за излез од Република Македонија.
Од извршените проверки било констатирано дека тој е на листата за потраги со мерка „Апси“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, поради што требало да се спроведе до затворот Скопје.
K.С. бил лишен од слобода и во 16:30 часот, бил предаден на полициски службеници од Полициската станица од Струга за понатамошна постапка. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24